Костурска епархија
епархија на Цариградската патријаршија во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Костурска епархија (грчки: Ιερά Μητρόπολη Καστορίας) — епархија на Цариградската патријаршија, управувана од Грчката православна црква, со седиште во градот Костур, Егејска Македонија.[1][2]
Од долунаведеното може да се види дека Цариградската патријаршија сето време претендирала врз териториите на Охридската архиепископија сè додека не успеала да го издејствува нејзиното укинување во 1767 г.
Remove ads
Историја
Во IX век во Македонија имало 18 епископии потчинети на Солунската митрополија: Диоклетијанополската, Никиската, Ираклиската, Келиската, Едеската, Кастренската, Пелската, Евдоксиуполската, Аполониската, Апалската, Партикополската, Каличката, Киперската, Серската, Амфиполската, Неаполската, Делевската и Китроската. Се смета дека Кастренската била она што денес е Костурската.[3]
Во 1018 г. епархијата прешла во Охридската архиепископија и била нејзина првопрестолна епархија од 1020 г.[4] По српското освојување на Костур во XIV век епархијата ја изгубила титулата „првопрестолна“, со тоа што во хрисовулот на царот Стефан Душан за првопрестолик е наречен митрополитот Јован II Скопски, а во 1361 г. титулата ја носел Григориј Деволски. По крајот на српското владеење во 1380 г. титулата му е вратена на Костур, при што во 1383 – 1384 г. епископот Гаврил е наречен за првопрестолник.[5] Кон 1580-тите Костурската била единствената од 17-те епархии на Охридската архиепископија со статус на митрополија — останатите биле епископии.[6] Веројатно е дека повишувањето е направено во XVI век, бидејќи во 1481 г. Јосиф бил наречен за епископ, а во 1532 г. Акакиј бил наречен за митрополит.[7] Титулата на владиката гласела „Неговото Преосвештенство Премудриот и Богобојазлив Митрополит на Пресветата Костурска митрополија“. Костурскиот митрополит ја носел и титулата „Егзарх на цела Дарданија“.[8]
Според Николаос Сјокис помеѓу 1700 и 1773 г. од непознати причини седиштето на костурскиот митрополит е преместено во Клисура.[9]
По затворањето на Охридската архиепископија во 1767 г., Костурската, заедно со другите епархии на архиепископијата станала непосредно потчинета на Цариградската патријаршија, и така останала сè до 1928 г. Митрополитот ја носел титулата „Егзарх на цела и стара Бугарија“ (поради бугарските освојувања на Македонија), повикувајќи се на местото на епархијата во хиерархијата на Охридската архиепископија.[8][10] Подоцна титулата е заменета со „ипертим и егзарх на цела Македонија“. Епархијата го заземала 87. или, според други податоци, 83. место во хиерархијата на Патријаршијата.[11]
По основањето на Бугарската егзархија, Костур станал седиште и на егзархиски архијерејски намесник. Според „Католичка енциклопедија“ од 1908 г. во градот имало околу 10.000 Турци, Грци и Македонци, од кои на бугарската епископија ѝ припаѓале 2.224 семејства, 32 свештеници и 22 цркви.[12]


Remove ads
Владици
- Костурски епископи и митрополити на Охридската архиепископија (до 1767 г.) и Цариградската патријаршија
- Управници на Костурската егзархиска епархија
Remove ads
Манастири
Архијерејски намесништва и парохиски храмови

Remove ads
Традиционални парохии во Костур
Од почетокот на XVII век Костур ги има следниве традиционални парохии:[35]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads