Црква „Св. Антониј“ - Солун
црква во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Антониј (грчки: Άγιος Αντώνιος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е параклис на манастирот „Св. Теодора“.[2][3]
Црквата се наоѓа во старото грчко маало, на раскрсицата на улиците „Маргаритис Димицас“ и „Филики Етерија“, близу плоштадот „Иподромос“ и црквата „Св. Константин и Елена“. Храмот е изграден во втората половина на XIX век на местото на помала црква. Градбата претставува двокорабна базилика со незачуван трем, украсена со керамопластика.[1] Иконите „Свети Анастасиј Перски“ (1834) и „Света Пулхерија“ се дело на Јоанис Анастасиу од Литохоро.[4]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads