Манастир „Св. Теодора“ - Солун
манастир во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Теодора (грчки: Ιερά Μονή Αγίας Θεοδώρας) — машки манастир во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Сместен е во самиот центар на градот, на улица „Ермис“ бр. 34.[1][2]

Remove ads
Историја
Първите податоци за манастирот ги наоѓаме во житието на Света Теодора Солунска. Кога во 837 г. Теодора пребегала овде за да се замонаши, манастирот бил посветен на Свети Стефан. Според житието, во манастирот имало параклис „Пресв. Богородица“ во кој подоцна е погребата светицата, има гробишта, трапезарија, кујна, конаци, мелница и кладенец. Веројатно бил сличен на црквата „Св. Софија“, но со помали димензии.[1]
По пренесувањето на моштите на Света Теодора на ова место во август 893 г., манастирот е преименуван во нејзина чест. Една од монахињите во него била сестрата на солунския архиепископ од XIV век митрополитот Нил Кавасила и мајка на познатиот познатиот митрополит и богослов Никола Кавасила. Со потпаѓањето на Солун под османлиска власт во 1430 г. моштите на светицата се осквернавени, но манастирот не е претворен во џамија, останувајќи еден од трите активни солунски манастири со своите 200 монахињи. На турски се нарекувал Кизлар-манастир (Kizlar Manastir), т.е. Женски манастир. Од нејасни причини во XVIII век престанал да биде манастир и станал парохиска црква. Цркватата настрадала од пожарот во 1890 г. и уште еднаш во големиот пожар од 1917 година, кога е наполно разурната. Единствено преживеала камбанаријата, изградена на крајот од XIX век.[1] За чудо во пожарот преживеале и моштите на светицата, кои до неговата обнова биле префрлени во „Св. Софија“.[3]
Новата црква почнала да се гради во 1935 г. во близина на старата. Отворена е на 9 мај 1954 г. од митрополитот Пантелејмон Солунски, а моштите на Света Теодора Солунска се пренесени во новиот храм.[3] Во 1957 г. митрополитот Пантелејмон го отворил западното крило на манастирот, во кое има духовно училиште. Од 1974 г. работи како машки манастир, а во 1989 г. во него е основан Центар за хагиографски истражувања на Солунската митрополија. Со сопствени средства манастирот го финансира училиштето-интернат „Свети Антониј“ и издава книги.[1]
Remove ads
Метоси
Ова се храмовите во владение на манастирот „Св. Теодора“ како негови метоси:[1]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads