Црква „Св. Петар и Павле“ - Пакошево
црква во селото Пакошево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Апостоли Петар и Павле — македонски православен храм кој се наоѓа во селото Пакошево, недалеку од Зелениково во околината на градот Скопје. Храмот се наоѓа на самиот крај, јужно од селото, крај патот кој води кон Ново Село. Црквата е изградена во периодот од 1982 до 1985 година. На карпестиот рид на црквата е поставен и метален крст. Патрониот празник на црквата е слава на селото, кога се прави собор и се дели ручек во трпезаријата која се наоѓа веднаш до црквата. Во кругот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads