Црква „Св. Архангели“ - Кобалишта

црква во Кобалиште, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Архангели (грчки: Ταξιάρχες Κοκκινογειων) — црква во селото Кобалишта, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Свети Архангели, Место ...

Црквата е сместена во центарот на селото. Големината ѝ изнесува 15,30 × 6,05 м. Има женска црква и трем на западниот дел од јужната страна и петаголна апсида на исток. Има двоводен покрив со триаголни засеци на косите страни. На вградена плоча западно од јужниот влед се вели дека црквата е изградена во октомври 1820 г. Во источниот агол на дворот има камен, на кој е напишан датумот на завршување на камбанаријата — 1 март 1886 г.[2] Натписот на ктиторската плоча гласи:

ПЕТРЕ ΑΝΓΕΛΑΚΙ С1ПА.Nъ

ΕΠΙ ETOYC1820 MIN ΟΚΤΟΟΒΡΙΟΥ 31

EKTHCΘI ΔΙΑ ΔΑΠΑΝΙC

ΤΟY ΚΤΗΜΑTOC ΓΗΟΡΓΑΚΙ+

Ο СГГРАФЕС ΔΙΜΙΤΡΙ ХРОъ

ΔИΜΟ ГРАМТИКъ...[2]

Според Георги Стрезов, во 1891 г. црквата била потчинета на Бугарската егзархија.[3]

Во 1992 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[4]

Remove ads

Литература

  • Митринов, Георги, Емануел Мутафов (2016). „Фасаден ктиторски надпис на църквата „Св. Архангел Михаил" в с. Кобалища, Драмско“. Български език (2): 81–88. ISSN 81-88 0005-4283, 81-88. Text " langx" ignored (help)

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads