Георги Стрезов
политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Георги Стрезов, роден Георги Јанакиев Стрезов (Охрид, 12 декември 1864 — Софија, 5 октомври 1938) — истакнат македонски политичар од Охрид, историчар, правник и пратеник во бугарското народно собрание.
Remove ads
Животопис
Роден е во градот Охрид, тогаш дел од Отоманското Царство. Син е на видниот македонски просветен деец Јанаки Стрезов и братучед на македонскиот преродбеник Кузман Шапкарев. Во 1886 година Стрезов завршува со првиот курс на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Меѓу 1887 – 1890 година работи како професор во егзархиското училиште во Битола, а потоа во егзархиското педагошко училиште во градот Сер во 1891 година. Завршува право во Женева, Швајцарија во 1894 година со дисертација на тема „Вмешателството и Балканот“. Последователно работи како член на окружните судски центри во градовите Пловдив, Варна и Софија.
Од 1896 година работи како адвокат во Софија. Во 1898 година го издава неговото дело „Случаи за развод пред епархиските духовни судови“, а истата година е делегат од македонско дружество на Петиот македонски конгрес на Македонскиот комитет.[1][2] Пишува етнографски и историски дела за Македонија и македонскиот народ, особено за Пиринска Македонија.[3][4][5] Во почетокот на 1902 година е кандидат за народен претставник во изборите за XII народно собрание на Бугарија во Трнската избирачка околија.[6]
Во 1911 година е избран за народен претставник во V Велико народно собрание во Бугарија. Меѓу 1912 – 1918 година се занимава со заштита на правата на големата македонска емиграција во Бугарија. Во 1919 година се преселува во Швајцарија, каде што ги пишувал брошурите „Српското разорение“ и „Неизвестната Романија“. Во 1924 година ја издава книгата „Кон север“, книгата била патопис и го документирало неговото патување во Шведска и Норвешка. Се приклучува како член на Македонскиот научен институт.[7] Во 1926 година почнал да работи како адвокат. Издава трудовите „Правата на бугарските малцинства и Општеството на Народите“ (1929), „Македонските емигранти во Швајцарија во Светската војна“ (1931) и „Охрид“ (1938). Умира на 5 октомври 1938 година. После смрт неговите пари биле донирани кај Македонскиот научен институт, таа донација била околу 100.000 бугарски левови.[1]
- Донација на 1.000 лева од Георги Стрезов кон бугарскиот црвен крст за македонските бегалците од Илинденското востание, 2 февруари 1904 година.
- Потврда на ЦК на ВМРО до Георги Стрезов за 20.000 лева, 28 јануари 1924 г.
- Стрѣзовъ, Георги (1938). Охридъ. Градътъ на живитѣ предания (PDF). София.
Remove ads
Надворешни врски
- Стрѣзовъ, Георги (1938). Охридъ. Градътъ на живитѣ предания (PDF). София.
- La Macedoine Orientale, публикувано во Le Globe, Journal Geographique, Geneva, Switzerland, 1892 г.
- Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 810.
- Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 1.
- L'Intervention et la Peninsule Balkanique, Женева, 1893 година
- „Спомени од Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методи“, публикувано во сп. „Училищен преглед“, кн. III, Софија, 1913 година
- „Македонските емигранти во Швајцарија во Светската војна“, Софија, 1931 година
- Les Luttes Politiques des Bulgares Macedoniens, Женева, Швајцарија, 1919 година
- "Охрид", публикувано во сп. "Отечество", кн. 18, год. II, Софија, 26 декември 1915 година
- "Нема! Нема!", публикувано во во-к "Македонија", год. I, бр. 23, Софија, 6 ноември 1926 година
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads