Црква „Св. Архангели“ - Сер

катедрала во Сер, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Архангели“ - Серmap
Remove ads

Свети Архангели (грчки: Ιερός Μητροπολιτικός Ναός Παμμεγίστων Ταξιαρχών) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Претставува катедрала на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Свети Архангели, Место ...
Remove ads

Историја

Thumb
Икона на Архангел Михаил од храмот (XVII век), денес во Серскиот црковен музеј.

Времето на изградба на првобитниот храм не е познато. Се знае дека црквата постоела во византиско време на истото место, на околу 100 м од портата на тврдината. Летописецот на Сер, попот Синодин Попсидеров раскажува како на 23 февруари 1631-1632 г. Турците ја срушиле црквата на Архангелите со сите икони и опрема, и набргу ја претвориле во џамија. По 10 години храмот е возобновен. Црквата наполно изгорела во големиот серски пожар на 28 јуни 1849 г. Обновена е во 1850 г. за време на митрополитот Јаков Серски. Храмот повторно е изгорен на 28 јуни 1913 г. за време на Втората балканска војна, овојпат од Бугарската армија. Откако градот потпаднал под грчка власт, во 1914 г. „Св. Архангели“ била прва обновена, со намера да стане катедрален храм. Подоцна е срушена за да се подгине нова катедрала.[1]

На 21 јануари 1950 г. камен-темелникот на црквата е осветен од митрополитот Константин Серски. Мермерниот иконостас, владичкиот престол и амвонот се богато украсени со крстови, растителни и животински мотиви и се дело на браќата вајари А. и Н. Скарис. Забележителни се и мернерните проскинитари, дело на вајарот Н. Милонас. Жртвеникот е живописан во 1979 г. К. Котикостас и Димитриос Јанакудис. Оваа работа прекинала, па продолжила во 1984 г. од браќата Јоанис и Димитриос Јанакудис.[1]

Во северозападниот дел на црквата се наоѓа параклисот „Пресв. Богородица“, во кој има копија на иконата Богородица Ерусалимска. Параклисот е осветен на 2 февруари 2005 г. од митрополитот Теолог Серско-нигритски.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads