Црква „Св. Архангел Михаил“ - Автокоманда
црква во населбата Автокоманда From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Архангел Михаил кај народот позната и по првобитното српско име Храм Славе — македонски православен храм во Автокоманда, Скопје.[1]
Remove ads
Историја
Сегашната црква била подигната на темелите на постара црква во 1927 година. Во 2006 година е реновиран надворешниот дел на црквата. Карактеристичен за оваа црква е мермерниот иконостас, кој бил поставен уште кога се градела црквата. Таков иконостас, кој е многу скап и тежок за обработка, многу ретко се наоѓа во македонските цркви. Специфичен е и релјефот на “Св. Архангел” поставен на надворешниот горен дел, веднаш над влезната врата во црквата. Во составот на црквата се наоѓа и црковниот параклис “Покров на Пресвета Богородица”, каде извира, според верувањата, света и чудотворна вода. Изградена е во средината на XVIII век. Во 1995 година била изградена и осветена мала црковна крстилница посветена на “Светите бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан”. Во склопот на црквата се наоѓаат и англиските воени гробишта од Првата светска војна.

Remove ads
Поврзано
- Автокоманда
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Автокоманда - црква параклис во дворот на црквата „Св. Архангел Михаил“;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads