Црква „Св. Архангел Михаил“ - Битуше
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во долнореканското село Битуше.[1] Сместена е во непосредна близина на сретселото.
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата има четириаголна основа. Влезната врата е сместена на јужната страна и над неа има полукружна слика со ликот на Архангел Михаил. На ѕидовите од црквата има неколку правоаголни прозорци, на источната страна има десетаголна апсида со монофорен облик на секоја од петте истакнати страни, а на источниот ѕид над апсидата има окно. Камбанаријата на црквата се издига во западниот дел од црквата, непосредно од десната страна на влезната врата. Таа се состои од два дела, од кои првиот има квадратна основа и се издига веднаш над висината на црквата, додека вториот има осумаголна основа и содржи по еден затворен прозорец на секоја страна. На јужниот ѕид под камбанаријата и до влезната врата има монофора преградена со решетки. Во продолжение на градбата на црквата од западната страна во поново време е дограден помошен објект со влез од јужната страна. Црквата во целост е градена од камен, камбанаријата е од бигор, а обете се покриени со лимен кров.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда над која има ниска железна преграда, а во него се сместени селските гробишта.
Remove ads
Икони
Престолните икони на иконостасот и неколку медалјони со светци на долниот дел од сводот на наосот се дело на видниот дебарски мајстор Дичо Зограф.[2][3] Потписи на Дичо има и на престолните икони на Свети Никола, Свети Илија, Свети Георги, Светите Модест и Спиридон, како и на Свети Димитриј.[2]
Галерија
- Црквата со гробиштата
- Глетка кон црквата надвор од дворот
- Јужната и источната страна на црквата со апсидата
- Влезната врата
- Сликата на Свети Архангел Михаил над влезната врата
- Камбанаријата на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads