Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долно Српци
црква во селото Долно Српци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Архангел Михаил — црква во селото Долно Српци.[1] Црквата се наоѓа во крајниот источен дел од селото, на височина која ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Remove ads
Историја
Црквата била ограбена ноќта меѓу 31 август и 1 септември 2019 година, кога од неа биле одземени пари и вредни предмети.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има фреска во лоша состојба на која е прикажан Архангел Михаил. На јужната страна има спореден влез, како и еден прозорец. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и помошен објект.
Remove ads
Галерија
- Главниот влез
 - Споредниот влез
 - Апсидата
 - Јужната и источната страна
 - Помошниот објект
 - Селските гробишта
 
- Царските двери
 - Архангел Михаил на царските двери
 - Детали од царските двери
 
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



