Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Српци
црква во селото Долно Српци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Теодор Тирон (позната и како Свети Тодор) — главна селска црква во селото Долно Српци.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото и има преовладува во панорамата на селото со својата бела фасада.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.[2]
Историја
Денешната градба била подигната во 1929 година и е една од најголемите и најдобро изградените цркви во областа. Претходно, на истото место се наоѓала помала и постара црква, подигната во 1871 година.[3] До 1946 година, црквата поседувала над 130 декари земја (ниви и ливади), која била поделена на селаните.[2]
До 1912 година, во непосредна близина на црквата се наоѓале и селски гробишта. Денес, главните селски гробишта се наоѓаат во северниот дел на црквата, каде е изградена црквата „Св. Архангел Михаил“.[2]
Црквата доживеала обнова во текот на 2010 година.[4]
Во 2018 година, црквата била погодена од гром, при што биле искршени прозорците и изгорела електричната инсталација.[5] Исто така напукнале делови од објектот, потемнеле ѕидовите во внатрешноста, а испаѓале и се искршиле и дел од лустерите во црквата.
Remove ads
Архитектура
Храмот е доста голем и убав, еден од најуредените во околината.[2]
Фасадата на храмот пред ударот на гром била розова, а по обновата во 2019 година, црквата добила бела фасада.
Галерија
- Натписна плоча
- Влезната порта
- Помошни објекти
- Чешма во црковниот двор
- Влез во црквата
- Поглед на црквата
- Страничен влез
- Камбанаријата на црквата
- Поглед на камбанаријата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads