Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиште

црква во селото Витолиште From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиштеmap
Remove ads

Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиште — православна црква во мариовското село Витолиште. Претставува главна селска црква во селото и се наоѓа на самото сретсело.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Како селска слава на селото е земен светецот Свети Атанасиј по кој е именувана и самата црква.

Remove ads

Обичаи во црквата

Водици

Специфичен настан поврзан со црквата е прославата на православниот празник Водици. Имено на тој ден селаните се собираат сретсело каде што се наоѓа црквата. Секој зема по една икона и сите заедно вртат три круга во дворот на црквата, кажувајќи молитви. Потоа сите заедно одат кај реката Краваштина каде што се фрла крстот. Отакако најсреќниот ќе го фати крстот, тој шета низ селото и луѓето го даруваат со мед, сирење, ракија и со слатки. Во водата каде што бил фрлен крстот се мијат иконите и се враќаат назад во црквата. Истиот ден се избира новиот кум за в година, а потоа се одбираат 10 луѓе наречени Шкуртари. Кај секој од нив се оди дома, сè додека не се стигне до последниот каде што се служи вечера[1].

Венчавка

За време на некоја венчавка, невестата на денот на самиот ден била носена во црква од страна на жените. Откако ќе кажела неколку молитви, таа, според обичајот, морала да оди на влезот од селото каде што има кладенец пред кој невестите гувееле. Затоа и кладенецот се нерекувал гувелник. Тоа го правеле за да бидат послушни пред да влезат во домот на свекорот и свекрвата.[2]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads