Црква „Св. Атанасиј“ - Војница (селска)
црква во селото Војница From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Војница.[1][2]
- Оваа статија се однесува за главната селска црква во Војница, за истоимената манастирска црква во селото видете ја оваа статија.
Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта. Таа е во крајно запуштена состојба и постои опасност да се урне.
Црквата претставува заштитено културно наследство на Македонија од 1953 година поради архитектурата на објектот и специфичната изработка на икони и фрески, кои се од непознат автор.[3]
Remove ads
Историја
Црквата е изградена на почетокот на XIX век.[3]
Денешна состојба
Црквата се распаѓа, а со неа и иконите, фреските и црковните книги. Иако црквата е заштитен споменик на културата, ништо не е преземено за нејзина заштита. Жителите со страв влегуваат во црквата, бидејќи објектот е руиниран и постои можност за рушење на покривот. Изготвениот проект за нејзина санација чинел 10.000 евра, но сепак не бил реализиран поради недостиг на средства. Покривот на црквата прокиснува точно над иконостасот, а таваните се напукнати. За да се зачуваат дел од иконите и црковните книги, се чуваат на сигурно и тајно место.[3]
Remove ads
Архитектура
Фрескоживопис
Најстарата фреска во црквата потекнува од 1821 година, но црквата била изградена претходно, но нема пишан документ за тоа.[3]
Галерија
- Предниот дел на црквата
- Фреска над влезот во црквата
- Внатрешноста на црквата
- Влезот во црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads