Војница
село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Војница — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Во литературата се среќава и под името Фојница.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Клепа, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, сместено во средното сливно подрачје на реката Бабуна, од левата страна на патот Велес-Чашка.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 300 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 17 километри.[2]
Историја
Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочат наоѓалиштата Обрамос и Ритчиња во сеерозападниот и североисточниот крај на атарот.[3]
Во XIX век, Војница било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.
При Втората светска војна, во селото била создадена Дванаесеттата македонска бригада.
Стопанство
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 22,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.627,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 475,3 хектари, а на шумите само 9,4 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Војница имало 950 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Војница имало 1.216 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[6]
Во 1961 година селото броело 320 жители, од кои 294 биле Македонци, а 21 Албанец, додека во 1994 година бројот се намалил на 41 жител, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Војница имало 32 жители, сите Македонци.[7]
Како и повеќето села во Македонија, така и населението на Војница поради миграционите процеси константно се намалува и се наоѓа пред целосно раселување.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 4 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Војница е македонско село.
Според истражувањата од 1966-67 година родови во селото се:
- Староседелци: Неделковци (2 к.), Ѓиовци (3 к.), Марковци (2 к.), Јанковци (2 к.), Таневци (2 к.), Малезановци ( 2 к.), Димовци-Попови (2 к.), Ѓајинци (1 к.), Ѓорчевци (1 к.), Цветевци (1 к.), Бисерковци (1 к.), Војничалиеви (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Горгијовци (1 к.), , Темелковци (1 к.), Јовевци (1 к.), Мирчевци (1 к.), Јаневци (1 к.), Сараѓиновци (3 к.), Петковци (1 к.), Стојановци (5 к.), Манчевци (2 к.), Кузевци (1 к.), Анчевци (1 к.) и Бошковци (1 к.). Од родот Неделковци потекнувал познатиот револуционер и писател, Коле Неделковски.
- Доселеници: Мартолчани (3 к.) и Мицевци (2 к.) доселени се во 1905 година од селото Мартолци; Стојковци (2 к.) и Ѓурчиновци (1 к.) доселени се од мијачкото село Папрадиште, подалечно потекло од мијачкиот крај; Теовци (1 к.) тие се доселени од селото Мартолци, таму припаѓале на родот Секуловци; Шоповци (2 к.), Драшкачовци (3 к.) и Карбевци (1 к.) доселени се од селото Крива Круша; Дурчевци (2 к.) доселени се од сега раселеното село Витанци; Андовци (1 к.) доселени се од селото Црешнево; Пановци (1 к.) доселени се во 1966 година од селото Скачинци, таму се викале Чаушевци.[13]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Чашка.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Војница, во која покрај селото Војница, се наоѓале и селата Витанци, Крајница и Ораовец. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селска зграда во селото Војница. Во него влегува и населеното место Витанци.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[16]
Remove ads
Личности
Личности родени во Војница:
- Коца Ристева Димовска — учесник во НОВ на Македонија
- Магда Димовска-Попова — учесник во НОВ на Македонија
Културни и природни знаменитости


- Археолошки наоѓалишта[17]
- Цркви[18]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква; и
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква.
- Манастири
- Војнички манастир — манастир којшто бил обновен на почетокот на XIX век на урнатините на постара црква
- Спомен-куќи
- Спомен-куќа на Коле Неделковски — спомен-куќа на поетот и револуционер Коле Неделковски
- Реки[19]
- Бела Вода — притока на Бабуна
Remove ads
Личности
- Родени во Војница
- Георги Петрушев — револуционер, велешки војвода[20]
- Ѓошо Цветев — курир и терорист на ВМОРО. Внук му Тодор загинува како комита на ВМОРО во село Топлица[21]
- Стојан Јорданов (1887-1922) — деец на ВМРО, загинал во битка против српска војска на 5 август 1922[22]
- Коле Неделковски (1912-1941) — поет и револуционер, учесник во НОБ
- Нада Бутникошарева (1919-1942) — револуционер, организатор на женското и синдикалното движење во Велес
- Димче Тошев (1914-1945) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ацка Камева Вилева (1920-) — учесник во НОВ на Македонија
- Починати во Војница
- Дачо Јотов (?-1911) — револуционер
Remove ads
Иселеништво
Од селото се има иселено огромен број на жители, во иселувањето учествувале сите родови, а има и целосно иселени родови. Највеќе иселеници од селото има во Скопје, Велес, Прилеп и Битола.[13]
Галерија
- Патокази во селото
- Стара куќа во селото
- Стари куќи во селото
- Селската чешма
- Сокак во селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads