Црква „Св. Атанасиј“ - Дреновци

манастирска црква на Дреновскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Дреновциmap
Remove ads

Свети Атанасиј — манастирска црква на Дреновечкиот манастир.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Според своите димензии, архитектурниот стил и живописот, црквата се проценува дека била изградена во XVII век.[2]

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и се одликува по тоа што олтарскиот простор во источниот дел претставува засебен дел со помали димензии и има мала полукружна апсида на источната страна. Кон западната страна на храмот е прилепена камбанаријата којашто има квадратна основа и во горниот дел има по една монофора на секоја страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на Атанасиј Александриски. На надворшениот ѕид од засебниот олтарски простор има ниша со фреска во лоша состојба. Внатрешноста на црквата е живописана, а иконостасот е богат со икони и слики. Остатоци од првобитниот живопис единсвено се среќаваат во олтарскиот простор.[2]

Remove ads

Галерија

Надворешност
Внатрешност

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads