Црква „Св. Атанасиј“ - Локвени
црква помеѓу селата Локвени и Житоше, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј — главна манастирска црква на средновековниот Житошки манастир помеѓу прилепските села Локвени и Житоше, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа во атарот на селото Локвени, сместена над него. Историски, црквата била подигната и припаѓала на некогашното христијанско село Долно Житоше.
Црквата е прогласена за споменик на културата.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа над селото Локвени, а до нејзе се пристапува по лош земјен пат.
Црквата се наоѓа над селото Локвени, на самата граница на атарот со соседното Житоше. Црквата е изградена во месноста Манастириште, кое некогаш припаѓало на селото Долно Житоше (денес дел од Житоше).[2]
Историја
За црквата и самиот манастир се верува дека е средновековен. Од ктиторскиот натпис се дознава дека била подигната во 1627 година.[3]
Во 1890-тите години, свештеникот во црквата бил обесен од страна на житошките Арбанаси.[2]
Во 1950-тите години, црквата и манастирот биле без земја, напуштени и полуразрушени.[2] Со текот на времето, црквата целосна се разурнала.[3]
Црквата започнала да се гради повторно во 2012 година и нејзината изградба завршила во 2016 година.[4]
Remove ads
Архитектура
Фрескоживопис
Црквата поседувала фрескоживопис кој бил насликан во 1627 година. Истиот бил пренесен во крушевската црква „Св. Троица“.[3]
Сликарството било суво и без моделација, фигурите биле издолжени, а колоритот бил згаснат.[3]
По возобновувањето на црквата, во 2016 година се вршени и уредување на внатрешноста на црквата.[4]
Галерија
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Куполата
- Влезот
- Горниот дел од црквата
- Поглед на црквата
- Црквата при изградбата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads