Црква „Св. Атанасиј“ - Свеќани
црква во Свеќани, Велешко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Атанасиј — православна црква во велешкото село Свеќани, Општина Градско. Му припаѓа на Велешкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Црквата е сместена во западниот дел на селото. Изградена е и живописана во XIX век. Денес е запуштена во урнатини.[2]
Remove ads
Четвороевангелие
Од оваа црква потекнува четвероевангелие од XVI век,[3] прибрано од велешкиот фолклорист Тодор Ецов и потоа оставено во Велешката митрополија од Гошо Владикостов според приписка од 13 март 1897 г. Во 1920-тите е земено од тогашниот битолски митрополит Јосиф Цвијовиќ и денес се чува во Библиотеката на Белградскиот универзитет. На задната корица има приписка од поп Арсо Марко од 1859 г.
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads