Свеќани

село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia

Свеќаниmap
Remove ads

Свеќани — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.[2]

Кратки факти
Thumb
Живопис од црквата Црква „Св. Атанасиј“.
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во областа Клепа, северозападно од општинското седиште Градско.

Историја

Во XIX век Свеќани било мало, чисто македонско село во нахијата Азот од Велешката каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Свјеќани (Sviékyani) имало 15 домаќинства со 66 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Свеќани имало 100 жители, сите Македонци христијани.[3][5]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Свеќане (Svekiané) имало 184 Македонци, сите под егзархијата.[3][6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Свечани (Svečani) како македонско христијанско село.[3][7]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Населението на Свеќани почнало нагло да опаѓа во 1950-тите поради поради аграрната реформа и индустријализацијата на Титов Велес. Во 1961 г. спаднало на 5 домородни жители и 11 новодоселени Албанци.[9] Селото е целосно напуштено во 1960-тите. Според пописот од 2002 година, Скачинци немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Свеќани било македонско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:

  • Староседелци: Кимовци (4 к.), Батовци (2 к.) и Крстевци (2 к.)
  • Доселеници: Поповци (2 к.) и Дејановци (4 к.) доселени биле на почетокот од 18 век од селото Водоврати, за да го избегнат потурчувањето; Иловци (1 к.) доселени биле во средината на 18 век од селото Скачинци; Лазовци (1 к.) доселени биле во средината на 19 век од селото Војница; Караџовци (1 к.) доселени биле во 1876 година од селото Виничани; Тодоровци (4 к.) доселени биле во 1884 година од селото Скачковци; Јосифовци (1 к.) доселени биле во 1905 година од селото Подлес.[14]

Општествени установи

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

Иселеништво

Селото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес.[14]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads