Црква „Св. Атанасиј“ - Сенокос

црква во селото Сенокос From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Сенокосmap
Remove ads

Свети Атанасиј — главна и единствена селска црква во селото Сенокос.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Според натписот во нишата над влезот на северната страна, црквата била обновена на 12 јули 1874 година врз темелите на постара градба.[2]

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна и засводена, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна украсена со седум слепи ниши.[2] Кон западната страна е доградена припрата и помошен објект со правец на протегање север-југ. Храмот има влез на северната страна над кој има ниша со натпис од кој се дознаваат податоци за црквата. Од десната страна на нишата е закачена мермерна плоча со основни податоци. Во црквата се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште. Имено, кон надворешната страна на храмот е вѕидана надгробна плоча од мермер со грчки натпис. Во внатрешноста се чува мермерна плоча во облик на медалјон со релјефна претстава на три бисти, а во припратата има две стебла од столбови и дел од архитравна греда од мермер.[3] Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига непосредно од левата страна на влезната порта од дворот на црквата. Таа е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од камен и на јужната страна се наоѓа влезот на камбанаријата, а горниот дел е изграден од тули и на секоја негова страна има по една монофора.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads