Црква „Св. Атанасиј“ - Солун
црква во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј (грчки: Ιερός Ναός του Αγίου Αθανασίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата се наоѓа во градскиот центар, на раскрсницата на улиците „Егнатија“ и „Сократис“, југозападно од „Пресв. Богородица Неракотворна“. Изградена е на местото на постар храм, уништен од пожар во 1817 г. Подигната е одново во 1818 г. според натписот над јужниот влез. Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, типичн за своето вреем. Западната фасада е украсно изработена со наизменични делкани камења и тулу, додека пак северниот и јужниот ѕид се од кршен камен и дрвени греди.[1]
Внатре, на западниот ѕид и делумно на северниот и јужниот има женска црква како галерија со облик на буквата П. До северниот ѕид има одвоена мала просторија, типична за манастирските храмови. Дрвените тавани се украсени со разни геометриски фигури. Првобитниот насликан иконостас е заменет со нов дрвен, во кој се вградени старите икони од XVI, XVIII и XIX век.[1] През 1890-тите на храмот работел зоградот Митакос Хаѕистаматис од Кулакиската школа.[2] Иконата „Исус Христос Велик Архијереј“ (1846), потпишана „χειρ Ιω(άννη) Α. Ρ.“, е дело на Јоанис Анастасиу од Литохоро.[3]
Можно е на местото на храмот да бил солунскиот метох „Св. Атанасиј“ познат од извори од XIV век. Во 1569 г. црквата со целиот нејзин имот е купена од берскиот епископ Теофан Малакис и подарена на манастирот Влатадон. Во османлиско време епархијата на „Св. Атанасиј“ била една од најголемите и најбогатите во градот, и предмет на спорови помеѓу Солунската митрополија и манастирот Влатадон.[1]
- Внатрешноста на храмот со амвонот
- Икона на светци од храмот, денес во Музејот на византиската култура
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads