Црква „Св. Атанасиј“ - Сопотница
црква на Сопотничкиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј — манастирска црква во рамки на Сопотничкиот манастир во близина на селото Сопотница.
Remove ads
Историја
Црквата е подигната на темелите на постар храм, а на тоа укажуваат и пронајдените артефакти.[1]
Архитектура
Градбата има правоаголна основа, со полукружна апсида во нејзиниот заден дел, и претставува крсто-куполен храм. Над влезната порта се забележува живопис, на којшто е прикажан Свети Атанасиј Велики. На страничните ѕидови има по три прозорци со две различни големини, од кои прозорците кои се наоѓаат на непосредно до аглите со предната страна се поголеми, додека оние кои се долж страничните ѕидови кон задната страна се со помала големина. Црквата од надворешната страна е обложена со мермер и целосно е покриена со ќерамиди на повеќе нивоа. Од средишниот дел на покривот се издига осумаголна купола. На секоја од осумте страни од куполата има монофора, при што во секој прозорец има рамка со по четири застаклени кружни отвори. Куполата е покриена со ќерамиди поставени во пирамидален облик, а над покривот е поставен крст.
Remove ads
Галерија
- Страничен поглед на црквата
- Осумагоналната купола на црквата
- Фрескоживописот на Свети Атанасиј Велики над влезната врата
- Влезот во црквата
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads