Сопотнички манастир

манастир во областа Железник во југозападниот дел од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Сопотнички манастирmap
Remove ads

Сопотнички манастир — средновековен манастир во областа Железник, во југозападниот дел од Македонија.[1] Манастирот се наоѓа на падините на Плакенска Планина, во близина на селото Сопотница.

Кратки факти Информации, Целосно име ...
Remove ads

Историја

Манастирот е возобновен во поново време, при што темелите биле поставени во 2005 година.[2] Во мај 2015 година, до манастирот бил тампониран пат во должина од околу 1,5 км директно од селото Сопотница како алтернатива за патот во должина од 10 км преку патот за селото Радово.[3]

Градби

Во склоп на манастирот спаѓаат манастирската црква и трпезарија наменета за чествување на празници.

Црква „Свети Атанасиј“

Црквата е подигната на темелите на постар храм, а на тоа укажуваат и пронајдените артефакти.[2]

Градбата има правоаголна основа, со полукружна апсида во нејзиниот заден дел, и претставува крсто-куполен храм. Над влезната порта се забележува живопис, на којшто е прикажан Свети Атанасиј Велики. Особено забележителна е осумаголната купола што се издига од средишниот дел на покривот на црквата и над која е поставен крст.

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads