Црква „Св. Атанасиј“ - Чекре
црква во Чекре, Ениџевардарско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј (грчки: Άγιος Αθανάσιος) — преродбеничка црква во селото Чекре, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е гробишен храм изграден од крајот на XVIII до почетокот на XIX век. Сместен е на источниот крај на селото, на брегот на денес пресушеното Ениџевардарско Езеро.[1][2] Според друг извор, црквата е од времето на митрополитот Никодим Воденски (1859 – 1870).[3]
Храмот претставува трикорабна базилика со нартекс, женска црква, трем и полукружна апсида. Иконостасот е резбан и царските икони на него се од 1815 г.[1][2] Таванот дрвен и рамен, резбан и насликан.[1]
Црквата е прогласена за историски споменик на 6 декември 1994 г.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads