Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Негорци
црква во селото Негорци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Атанасиј — главна селска црква во гевгелиското село Негорци. Воедно, црквата претставува парохиски храм на Негорската парохија на МПЦ-ОА.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на самото сретсело.
Историја

Црквата е изградена во XIX век од непознат градител, но целосно била обновена во 1996 година, така што денес објектот изгледа како новоизграден.[1]
Архитектура
Градбата на црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, при што средишниот кораб ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови, распоредени во два реда со по четири столба во јужниот и западниот дел на наосот. Средишниот, главниот кораб на таванот е украсен со квадратни полиња, а насликана е и фреска со ликот на Исус Христос Седржител. Кон западната страна на црквата е доградена припрата која е одвоена од наосот, додека на источната страна црквата завршува со полукружна олтарна апсида со декоративни ниши. Во припратата се сместени неколку значајни икони, а сочувано е и крило од царските двери кои потекнуваат од XIX век. Внатрешноста на црквата е живописана од непознат зограф.[1]
Дворот на црквата е со голема површина и е ограден. Во него е сместена камбанаријата, како и помошен објект во изградба. Камбанаријата се наоѓа во југозападниот дел од црквата и е прилепена до западната страна од храмот. Таа има осумаголна основа, при што јужната, северната, западната и источната страна се со значително поголема површина. На секоја од нив има по три вертикално поставени монофори.
Галерија
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



