Негорци
село во Општина Гевгелија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Негорци — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.
Remove ads
Потекло на името

За името и положбата на Негорци нема научни податоци, ниту хроника или летописи. Постојат повеќе легенди за името и правобитното место.
Во една легенда што најповеќе е раширена, се зборува дека старото име му било „Губреш“ кое се наоѓало северно од денешното село, во месноста „Црквиште“. Самото име зборува дека ова место било населба. Према сеќавањето на Атанас Баламов првите жители на Негорци живееле во „Губреш“ и во „старо“ време имало неколку куќи. Еднаш на селанецот Негаре му избегале свињите во месноста каде што денес е селото и кога ги нашол, Негаре видел дека ова место е подобро, има вода и му се бендисало дека е подобро за живеење. Потоа се преселил тука и започнал нов живот. Во „Губреш“ спрема изразите на Атанас Баламов, а кој пак зборува дека ова го слушнал од постарите, живееле само христијани. Од зборовите на Томе Делев, стар 70 години, исто така, се тврди дека селото порано го викале „Губреш“ и дека луѓето се доселиле во старо време тука т.е. каде што сега е селото. Спрема него, причината за преселбата биле мравките што постоеле во Губреш.
Исто така тој тврди дека името „Губреш“ е турски израз и се однесува на името „Црквиште“.
Дека тука навистина постоела населба, говори и фактот дека кај месноста „Бајал“ бил „саирот“ т. е. плоштадот, а над него имало манастир од кој и денес има остатоци од градбата.
Според некои приказни селото Негорци го добило името така што некои луѓе го запалиле и сите жители велеле Не - Гори, Не -Гори и според тоа е добиено името Негорци.[се бара извор]
Remove ads
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во понискиот, речиси средиштен дел на територијата на Општина Гевгелија, каде што извираат и термоминералните извори и каде што се подигнати познататите Негорски бањи. Се наоѓа на локален пат кој води од градот Гевгелија, од кој е оддалечен околу шест километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 80 метри.[2]
Атарот е голем и зафаќа површина од 29,6 км2. На него обработливото земјиште заземе површина од 1.067 хектари, на шумите отпаѓаат 1.289 хектари, а на пасиштата 366 хектари.[2]
Источно од селото поминува железничката линија што ги поврзува Скопје и Гевгелија.
На три и половина километри источно од селото тече реката Вардар, која што повеќепати нанесува штета на полето, дел од обработливата површина што се наоѓа помеѓу железничката линија и реката Вардар.
На запад од селото се последните ограници на Кожуф планина кои се доста богати со вода. По целата периферија на селото има извори на добра вода за пиење, од која добар дел се користи и за наводнување. Познати извори се: „Љиљијавор“, „Старец“, „Криви јавор“ т.е. изворот што е искористен за снабдување на селото со вода за пиење, но за три чешми.
Во текот на 1962 година се направени уште две чешми во горните маала. Друг извор е „Шоп“, кој е каптиран во време на Првата светска војна од бугарската војска, која направи една чешма, потоа „Фик“ - еден од најбогатите извори со вода кој се користеше сѐ до 1967 година исклучиво за наводнување, а денес неговите води се користат за пиење.
Remove ads
Историја

Во XIX век, Негорци било село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]
Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Негорци имало 1.150 жители, од кои 650 Македонци и 500 Турци.[5]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Негорци имало 928 Македонци патријаршисти.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.000 Македонци.[7]
Негорци е големо село, коешто бележи пораст на населението. Така, во 1961 година селото броело 1.386 жители, а во 1994 година 1.837 жители, од кои 1.828 биле Македонци, а осум жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Негорци имало 2.047 жители со следниот етнички состав: 2.023 Македонци, 1 Албанец, 3 Турци, 1 Ром, 1 Влав, 15 Срби и 3 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.768 жители, од кои 1.687 Македонци, 2 Албанци, 1 Влав, 4 Срби, 12 останати и 62 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Во Негорци се сретнуваат следниве родови:
- Доселено население: Серменлиеви, Бојманлиеви, Калоеви и др.
- Староседелци: Мешковци, Аризановци, Терзиовци, Мурџевци, Узуновци, Бабамовци, Павловци, Џундовци, Ташоковци, Попниколовци и др.
Remove ads
Општествени установи


- Образовни
- ОУ „Ристо Шуклев“ — централно основно училиште
- Општествени
- Пошта (1483)
- Здравствени
- Амбуланта
- Негорски бањи
- ЈЗУ Психијатриска болница „Негорци“ — психијатриска установа
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Негорци, во која покрај селото Негорци се наоѓале и селата Кованец, Прдејци, Серменин и Смоквица.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Во селото постојат избирачките места бр. 357 и 358 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и младинскиот дом.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.532 гласачи.[14]
Remove ads
Личности
Личности родени во Негорци:
- Магдалена Глигорова Бојмалиева (р.1918) — учесник во НОВ на Македонија
- Анета Мицо Бојмалиева (р.1918) — учесник во НОВ на Македонија
- Ристо Бојмалиев — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија
- Василка Димова (р.1926) — учесник во НОВ на Македонија
Културни и природни знаменитости

- Цркви[15]
- Црква „Св. Атанасиј” — главна селска црква
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Башот - Горна Корија — населба од римското време;
- Говедарникот — населба од хеленистичкото време и римското време;
- Гурбиш — некропола од доцноантичкото време.
- Реки[17]
- Жабичка Река — десна притока на Вардар, се влева во нејзе во близина на селото
Редовни настани
Редовен настан во Негорци претставува традиционалната посета на местото Манастир, кај Негорските бањи, секоја година на вториот ден (понеделник) на големиот христијански празинк Велигден.
Култура и спорт
Во селото работи КУД „Негорци“.
Во минатото во селото постоел фудбалскиот клуб „Негорци“. По неговото згаснување, во селото се одржува „Лига во мал фудбал Негорци“.
Галерија
- Стар разрушен споменик во селото
- Влезот на училиштето
- Споменик од НОБ за убиени селани од Негорци
- Зграда на поранешна земјоделска задруга
- Споменикот во дворот на училиштето
- Влезот на поштата
- Споменикот од НОБ пред црквата
- Плоча на споменикот
- Стариот споменик во 1931. Денес горниот дел не постои
- Поглед на селото
- Разрушениот споменик
- Поглед на селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads