Црква „Св. Благовештение“ - Негуш

црква во Негуш, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свето Благовештение (грчки: Ιερός Ναός Ευαγγελισμού της Θεοτόκουцрква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува еден од парохиските храмови во Негуш.[1]

Кратки факти Свето Благовештение, Место ...

Црквата се наоѓа јужно од реката Арапица, до VI основно училиште. Градена е во 1991 – 1994 г. на местото на помал параклис со гробишта. Плант го изготвил инженерот Марија Куцупија, а средствата за иградба се од прилози на верниците.[1]

Градбата претставува трикорабна базилика без купола, со површина од 350 м2. Живописувањето започнало во 1996 г. од рацете на зографот К. Врузос, исто така финансирано од доброволни прилози. На фреските преовладува сината боја со златна позадина. Во конхата на апсидата е насликана Пресвета Богородица Поширока од небесата, а под неа е Благовештението.[1]

Во 2002 г. чинарот крај храмот е прогласен за заштитен споменик.[2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads