Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Оризари

црква во селото Оризари From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Богородица Балаклија“ - Оризариmap
Remove ads

Света Богородица Балаклија (или Пресвета Богородица Балаклија) — главна манастирска црква на манастирот Добра Вода во кочанското село Оризари, Македонија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа над денешното Оризари, додека во минатото црквата била над некогашното село Витоша.[1]

Во близина на црквата се наоѓа изворот Добра Вода, по кого е и наречен целиот манастир.[1] За изворот се верува дека е лековита вода.

Историја

Истражувачот Јован Трифуноски наведува дека на месноста Бела Црква, североисточно од денешното село, постоеле остатоци на срушена црква. Од црквата биле видливи ѕидови високо до 60 центиметри, а црквата била долга 8 и широка околу 4 метри. На ѕидовите се познавале и фрагменти од фрескоживопис.[1]

Храмот бил изграден во 1974 година на темелите од старата црква, а бил осветен на 1 мај 1992 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.[2]

Црквата била преосветена од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион на 5 ноември 2023 година откако истиот бил целосно обновен, фрескоживописан и добил нов иконостас.[3]

Remove ads

Архитектура

Фрескоживопис

Црквата поседува целосно нов фрескоживопис.

Иконостас и икони

При обновата на црквата добила целосно нов иконостас.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads