Црква „Св. Варвара“ - Рајчица
црква во селото Рајчица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Remove ads
Света Варвара — мала средновековна црква во дебарското село Рајчица, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа во маалото Рајчки, на зарамнета ливада високо над Дебарското Езеро и градот Дебар. Истата е прогласена за заштитен споменик на културата на Македонија.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во маалото Рајчки, средното маало на селото Рајчица. До нејзе се стигнува преку земјена патека, која започнува кога ќе заврши асфалтниот пат во маалото.
Во кругот на црквата постојат и гробишта кои припаѓаат на жителите на маалото Рајчки.
Историја
Врз основа на зачуваните натписи, црквата била подигната во 1597 година. Во натписите испишани со старословенски букви се спомнуваат ктиторите Овчина и В’лкове. Натписите се наоѓаат нишата, над протезисот и на просторот помеѓу нишата на протезисот и апсидата.[2]
Во минатото била метох на Бигорскиот манастир.[3]
Во 1913 година црквата била целосно ограбена од Турците, при што биле ограбени повеќе скапоцени и старозаветни икони со вкупна вредност од 50 златници-наполеони.[4]
Во март 2016 година олтарниот дел на црквата бил целосно разоран од трагачи на злато. Биле забележани многу оштетувања во внатрешноста на црквата.[5]
Remove ads
Архитектура
Црквата е еднокорабна, со полуобличест свод, тристрана апсида (од надворешната) и полукружна апсида (од внатрешната страна). Градена е од кршен и делкан камен, кој е употребен само при создавање на вратата и прозорците. При градењето биле употребени и сполии од некој постар култен објект.[3]
Таа е мала по димензии и со неугледна надворешност.[2]
Фрескоживопис
Во внатрешноста на црквата има добро зачуван фрескоживопис, кој е насликан истата година кога е подигната црквата. Имињата на зографот и на неговите двајца помошници остануваат непознати. Нивното сликарство нема поголеми ликовни вредности.[3]
Од некогашниот живопис се зачувани остатоци на источниот ѕид, меѓу кои подобро ликовите на „Св. Стефан“, „Омелисмос“, светители од „Великиот вход“, „Св. Роман“, „Благовештението“, „Богородица Ширшаја Небеса“ и фрагмент од композицијата „Вознесение Христово“.[2]
- Фрескоживописот
- Фреска на Свети Василиј
- Фреска на Пресвета Богородица
- Фреска во олтарниот дел
Иконостас
На импровизираниот дрвен иконостас има неколку икони од истите зографи.[3]
Галерија
- Поглед на црквата
- Влезот
- Ниша над влезот
- Поглед на црквата
- Апсидата
- Гробови во дворот
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads