Црква „Св. Вознесение“ - Вепрчани

црква во селото Вепрчани From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Вознесение“ - Вепрчани
Remove ads

Свето Вознесениемакедонски православен храм во селото Вепрчани во областа Мариово. Сместена е во крајниот западен дел на селото на самиот крај на долот. Нејзината градба е многу стара и за неа постојат разни претпоставки кои наведуваат дека таа е изградена во XIII, XIV или XVI век. Во нејзината внатрешност има два столба, а имало и неколку плочи со стари натписи кои се проучувани од истражувачите од заводот и музејот во Прилеп. При нејзината градба покрај обичниот камен се употребувале и плочи со антички натписи пронајдени на остатоците од стари населби во околината. Патрониот празник на црквата Спасовден е и селска слава на Вепрчани, но поради поширокиот простор и подобрите услови прославата и општонародниот собор се одржуваат во манастирската црква „Свети Димитрија“ која што се наоѓа веднаш над самото село. Пред самата црква има покриен трем со трпеза, а во дворот на црквата се и селските гробишта, кои имаат карактеристичен изглед со своите мали димензии поткренати над земјата, заради тоа што телата на покојниците биле закоповуани без сандаци.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads