Црква „Св. Димитрија“ - Тушин

црква во Тушин, Мегленско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитрија“ - Тушинmap
Remove ads

Свети Димитрија (грчки: Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Тушин, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Кратки факти Свети Димитрија, Место ...
Remove ads

Опис

Црквата е гробишен храм, подигнат во југозападниот крај на селото во 1842 г. како што може да се прочита од камениот натпис. Претставува трикорабна базилика со женска црква и затворен трем.[1][2] Има два влеза. На јужната страна има ниска врата. Покривот е калкански, покриен со плочи.[1] Камбанаријата е четирикатна самостојна градба во северниот дел на црковниот двор.[1][2]

Женската црква има дрвен парапет и дрвена решетка. Таванот исто така е дрвен, а иконостасот е има резбани царски двери и распетие.[1]

Внатрешноста е живописана во 1866 г. од крушевскиот мајстор Анастас Зограф и неговите синови Вангел, Никола и Коста. Зографскиот натпис гласи:

Thumb
Ктиторскиот натпис
Αυτή η εκκλησία του Αγίου Δημητρίου ειστορήθη εις τον καιρόν του ιερατέβωντος πανιερώτατος μητροπολίτης κυρίω κυρίω Προκοπίου Μογλενών [следуваат имињата на свештеници и првенци] δια χειρός Αναστασίου με τα παιδιά μου Βαγγελή Νικολάου, Κωνσταντίνη εκ χωρίου Κρούσεβα 1866.[2]
Превод:

Оваа црква на Свети Димитрија се живописа во времето владикувањето на митрополитот господин господин Прокопиј (следуваат имињата на свештеници и првенци) од рацете на Анастасиј со децата ми Вангел, Никола, Константин од село Крушево 1866.

Фреските се поделени на две подрачја — во горното е циклусот на Страстите Христови, а во долното се претставите на низа светци. Во апсидата е Пресвета Богородица Поширока од небото.[1] Има извадоци од Стариот завет како настанокот на Адам и Ева, нивниот живот во рајот, огрешувањето и истерувањето; од Новиот завет застапено е Рождеството, Воскресението Христово и други мотиви.[2]

Remove ads

Галериja

Поврзано

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads