Црква „Св. Димитриј“ - Битола
црква во градот Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети великомаченик Димитриј Солунски претставува православна црква во Битола. Административно припаѓа на Битолското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Оваа црква изградена е во 1830 година, а камбанаријата е изградена во 1936 година. Градена е во форма на трибродна базилика, со странични галерии. Целиот иконостас е изработен во позлатена резба од вештите раце на засега непозната резбарска тајфа, но сигурно составена од македонски мајстори. Во 2005 година, конзерваторите од Битолскиот завод и музеј и Заводот за заштита на спомениците на културата откриле дотогаш непозната фреска со претстава на Исус Седржител. Фреската е на централниот дел од сводот на црквата кој повеќе од еден век бил покриен со црнила од горењето на свеќи, така што долго време вредните историски уникати биле непознати.[1]
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Припратата од јужната страна
- Поглед на олтарот
- Фреска во црквата
- Иконата Слегувањето на Светиот Дух
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads