Црква „Св. Димитриј“ - Богдево
црква во селото Богдево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј — главна селска црква во горнореканското село Богдево.[1] Црквата е сместена во крајниот северозападен од селото, на неколку стотина метри од неколкуте преостанати куќи.
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата е со четириаголна основа и е поделена во два дела. Предниот дел е помал, со понизок кров и е сместен на самиот влез од црквата. Неговите ѕидови се варосани и е покриен со ќерамиди. Вториот и главен дел е значително поголем и во него всушност е сместена внатрешноста на црквата. Тој е изграден од камен и е покриен со лимен кров. На источната страна, црквата завршува со петаголна апсида. Камбанаријата се издига над почетокот на главниот дел. Таа е со осумаголна основа, при што јужната, северната, западната и источната страна се со поголема основа и на секоја од нив има по еден прозорец во облик на издолжен правоаголник. Дворот на црквата е ограден со камена ограда.
Remove ads
Поврзано
- Богдево
- Полошка епархија
- Гостиварско архијерејско намесништво
- Мавровска парохија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads



