Црква „Св. Димитриј“ - Броштица

црква во селото Броштица From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Броштицаmap
Remove ads

Свети Димитриј — главна селска црква во дебарското село Броштица, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата е руинирана, при што е целосно срушена припратата, додека самата црква е зачувана откако биле поставени столбови во 2007 година.[2]

Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа сосема надвор од селото Броштица, сместена во длабока шума. До црквата може да се стигне единствено пеш следејќи козји патеки во времетраење околу половина час одење од последните куќи на селото Броштица.

Историја

Таа е единствената преостаната црква од трите во селото, кои се срушиле поради ерозија на земјиштето. Поради фактот дека православното население од Броштица е иселено, за црквата се грижи локалното муслиманско население.[3]

Црквата е изградена во 1868 година, како што е испишано и на самата црква при нејзиниот влез. Била реновирана во 2007 година.

Кражби

На почетокот на мај 2013 година, црквата била осквернавена од трагачи на закопано богатство. Тогаш било копано кај престолот и на уште неколку места во црквата, а ископан бил и еден гроб.[4]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads