Црква „Св. Димитриј“ - Валандово

црква во градот Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Валандовоmap
Remove ads

Свети Димитриј — гробјанска црква во Валандово, а воедно и парохиски храм на Валандовската парохија.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа над последните куќи во северозападниот дел на градот Валандово, на зарамнета падина на разгранок од планината Плавуш.

Историја

Црквата е подигната во 1830 година.[1]

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна и со рамни тавани, при што на неговиот полукружен свод е насликана икона со платно со претставата на Исус Христос Седржител. Средишниот кораб на градбата ги надвишува страничните два, а црквата завршува со полукружна апсида на источната страна. Покривната конструкција е изградена на две води и е потрена на два реда од по четири симетрично поставени столбови. Влезната врата е сместена на јужната страна и над неа има застаклена ниша со фреска на која е претставен Свети Димитриј.[1]

Поради нејзината поставеност во просторот, црквата е недоволно препознатлива и привлечна. Југозападно од црквата се наоѓа камбанаријата, која според натписот на северната страна, е изградена во 1898 година, а обновена во 1994 година.[1]

Во дворот на црквата има помошен објект, кој според наведениот натпис, е изграден во 1936 година. Во склоп на црквата се и градските гробишта.

Икони и иконостас

Во црквата има стари икони кои потекнуваат од XVII, XVIII и XIX век, изработени од непознати зографи, но и понови кои се од XX век. Сегашниот иконостас е изработен во 1988 година од црковниот уметник Мишко Милановиќ, со помош на двајца соработници, а е осветен на 7 април 1989 година од тогашниот митрополит на Повардарската епархија, г. Михаил.[1]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads