Црква „Св. Димитриј“ - Владово
црква во Владово, Воденско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј (грчки: Άγιος Δημήτριος) — црква во селото Владово, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквае е гробишен храм сместен во североисточниот дел на селото. Изградена е во 1818 г.[1] Во дворот, североисточно од црквата, има остатоци од скриена црква, подоцна користена како костурница во османлиско време.[1][2]
Храмот е трикорабна базилика со женска црква и припрата. Обновен е во 1949 г., запазувајќи го оригиналниот план.[2]
Царските икони и другите икони на иконостасот се од средината на XIX век, дело на месни зографи. Во храмот се собрани вредни икони од црквите во тој дел на Воденско, од кои најстарата е од 1609 г.[2] Три преносливи икони се од XVII век, две од XVIII и 41 од XIX век.[3]
Трите најстари икони — „Христос Седржител“, „Света Недела“ и Света Петка“ и „Свети Атанас“,[3] а книгите се земени од денес пропаднатата црква „Св. Дионисиј Олмписки“, чии урнатини стојат во месноста Селиште. Тој храм е основан околу 1600 г. и напуштен во 1820 – 1830 г.[4] Трите икони се дело на месни мајстори со јасно видливо западномакедонско влијание.[3] Двете икони од XVIII век се на Свети Ѓорѓи и на Свети Димитрија и имаат впечатливи народни украси.[3]
Црквата „Св. Димитриј“ е прогласена за историски споменик на 23 февруари 1995 г.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads