Владово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Владовоmap
Remove ads

Владово (грчки: Άγρας, Аграс, до 1926 г. Βλάδοβο, Владово[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 796 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Кратки факти Владово Άγρας, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено 5 км западно од градот Воден, покрај патот од Воден за Острово. Лерин и Кајлари, а низ него минува и железничка линија. Во непосредна близина е планината Каракамен, на чии падини се наоѓало селото Фурка, чие население прешло во Владово поради негово опустошување од разбојнички банди.[3]

Низ селото рече реката Вода, и под него образува голем водопад. Реката се користи за наводнување на обработливи површини преку Владовското Езеро, кое има и голема хидроцентрала со придружна населба за вработените. Атарот зафаќа површина од 25,4 км2.

Remove ads

Историја

Подрачјето на Владово е населено уште во праисторијата, за што сведочи Владовската праисториска населба кај селото, која датира од бронзеното време.

По патот за Воден се забележуваат рушевините на Владовската тврдина (Филокастро).[4] Меѓу 1600 и 1800 г. селото всушност се наоѓало во месноста Селиште, југозападно од денешната местоположба. Таму до денес се наоѓаат остатоците од старата црква „Св. Дионисиј Олимпски“.[5]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Владово како македонско село[6][7] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г., Владово (Vladovo) е посочено како село во Воденската каза со 133 куќи и вкупно 600 жители Македонци.[8][9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Владово живеят 740 Македонци.[8][10] Во тоа време селото било истовремено под врховенството на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало во под егзархијата.[11] Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Владово (Vladovo), 464 жители биле под Бугарската егзархија, а 496 биле под патријаршијата — притоа сите до еден Македонци.[8] Во селото работеле обете пропаганди, и имало и бугарско и грчко училиште.[12] Црквата „Свети Атанас“ била заземена од егзархијата.[13]

Потпаѓање под Грција

Thumb
Војници на Антантата во Владово за време на Првата светска војна.

Во Првата балканска војна во селото влегла грчка војска и извршила масовен грабеж.[14] Со Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 879 жители[3]. Во 1924 г. 16 жители по официјален пат се иселиле во Бугарија. Во 1926 г. селото е преименувано во Аграс, по андартскиот капетан Телос Аграс обесен во него во 1906 од Воденската чета на Македонската револуционерна организација. Во 1928 г. во селото се евидентирани 866 жители.

Втора светска војна

За време на Втората светска војна селото било под окупација на Бугарија и основана е чета на бугарската паравоена организација „Охрана“.[15]

Во Граѓанската војна

За време на Граѓанската војна, селото дало голем број жртви[3], а неколку семејства и поединци пребегале во Р Македонија

Thumb
Железничката станица во Владово.

Во 2008 г. статуите на Антонис Мингас и Телос Агапинос меѓу Владово и Техово биле срушени од мештаните[16][17].

Remove ads

Население

Денес населението на Владово останува целосно македонско и непроменето. Последните децении бележат пад на населението, што се должи на преселби во градот Воден и во странски земји.[3]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Владово, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство

Главни земјоделски култури во Владово се пченицата и црешите, а доста развиено е и сточарството. Вкупните обработливи површини денес зафаќаат 1.250 хектари[3]. Некогаш најплодните 505 хектари денес не постојат, бидејќи се поплавени од хидроакумулацијата Владовско Езеро (Τεχνητή λίμνη Άγρα) изградена во 1956 г.[3] Ова земјиште се откупувало од селаните по мошне ниски цени (4000 драхми за декар[3]) и исплаќани со години.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

Личности

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads