Црква „Св. Димитриј“ - Волковија
црква во селото Волковија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитрија се наоѓа во селото Волковија во Општина Маврово и Ростуше во горниот дел на течението на реката Радика. Црквата се наоѓа на падината под селото, во правец на северозапад. Таа е изградена во почетокот на XIX век, за што сведочи живописот, иконите, црковните книги во неа, како и самата градба. Во 1852 година, Дичо Зограф го изработил иконостасот.[1] Градбата на црквата е едно корабна со купола за камбана на средината. Црковниот светец е Свети Димитрија, што е и селска слава на селото Волковија. Покрај за Митровден (7 ноември), голем собор во црквата се одржува и за Водици (Богојавление, 19 јануари).
Remove ads
Наводи
Галерија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads