Црква „Св. Димитриј“ - Добровени
црква во селото Добровени From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј – главна селска црква во селото Добровени.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на влезот од селото, на десната страна од патот којшто води од селото Бач, на возвишение коиешто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
Црквата е изградена во 1886 година. Во Првата светска војна била разрушена до темел, по што била обновена на старите темели во 1927 година.[2]
Архитектура
Градбата на црквата е со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажан Свети Димитрија Солунски.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, селските гробишта и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над оградата во нејзиниот североисточен агол. Градена е од камен и е отоврена во нејзиниот горен дел во висина на ѕвоното. Покриена е со лимен кров.
Српски воени гробишта
Веднаш до селските гробишта во дворот на црквата се сместени и српски воени гробишта. Имено, за време на Првата светска војна, во селото Добровени имало воена болница, па починатите војници биле погребувани на различни места во близина на селото. По завршувањето на војната, гробовите биле префрлени на нивното денешно место и на тој начин настанале гробиштата.[2]
Remove ads
Галерија
- Поглед на црквата
- Влезот
- Нишата над влезот
- Апсидата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гробишта
- Гроб во дворот на црквата
- Српските воени гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads