Српски воени гробишта (Добровени)
воени гробишта во селото Добровени From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Српски воени гробишта во Добровени — воени гробишта во селото Добровени на коишто се погребани војници кои загинале во Првата светска војна.
Remove ads
Местоположба
Воените гробишта се наоѓаат во склоп на селските гробишта во дворот на црквата „Св. Димитриј“.[1]
Историја
Во текот на Првата светска војна, во селото Добровени постоела болница, па починатите војници биле погребувани на различни места во близина на селото. По завршувањето на војната, поголем дел од гробовите биле префрлени на денешното место и на тој начин биле создадени воените гробишта.[1]
Споменик на загинати поштари
Во склоп на гробиштата има споменик кој по свотојот изглед се разликува од останатите, но неговиот текст не е читлив поради оштетувањето низ годините. За време на Првата светска војна, во Добровени постоела воена пошта на српската војска. На 29 ноември 1916 година, скоро сите вработени во поштата загинале при нејзино бомбардирање од страна на германските воздухопловни сили. По завршувањето на војната, од страна на нивните пријатели поштари бил подигнат споменик со српскиот натпис:
„ | Овај им споменик подигоше другови. | “ |
Денес, споменикот е преместен од првичното место и се наоѓа на воените гробишта.[1]
Галерија
- Натписна плоча на влезот на гробиштата
- Споменикот на загинатите поштари
- Поглед на гробиштата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads