Црква „Св. Димитриј“ - Костурени
црква во Костурени, Воденско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Димитриј (грчки: Ναός Αγίου Δημητρίου) — црква кај селото Костурени, Воденско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија..[1][2]
Изградбата на оваа црква започнала на истоимениот рид западно од селото во 1857 г., по прогласувањето на Хатихумајунот, со кој им се дава полна верска слобода на христијанските поданици на царството. Завршена е во 1858 г. за време на митрополитот Мелетиј Мегленски.[1] Претставува трикорабна базилика со нартекс, женска црква и трем од јужната страна.[1][2] Покривот е на два води, прекриен со камени плочки.[2]
Внатре има резбан иконостас со цветни мотиви, како и многуаголен резбан амвон. Женската црква на западната страна има убав дрвен парапет и решетка. Во жртвеникот е насликан Христос, а во апсидата е Пресвета Богородица Поширока од небесата, а потоа има редица светци. Забележителни се и преносливите икони на Света Недела (1870) и Свети Никола (1860). Средниот кораб е покриен со полуцилиндричен свод, а страничните имаат рамни дрвени тавани.[2]
Камбанаријата е самостојна градба на југоисток од храмот, изградена во 1919 г. според натписот на неа.[2]
За време на Првата светска војна во 1916-17 г. црквата на ридот служела како набљудувачница на српската артилерија.[1]
Натписот над влезот гласи:
„ | Ο Ιερός ούτος ναός εθεμελιώθη τη 15η Σεπτεμβρίου 1857 και ενε(καινί)σθη το 1858 υπό των Αρχιεπισκόπων Νεο(φύ)του και Μελετίου. Τη συνδρομή των ορθοδόξων ελληνικών κοινοτήτων Κουστούργιαννης και των λοιπών Καραντζόβας.
На овој свет храм му се удрија темелите на 15 септември 1857 г. и се освети во 1858 г. од архиепископите Неофит и Мелетиј. Со помошта на православната грчка општина во Кустурјани и на останатата Караџова. |
“ |
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads