Црква „Св. Димитриј“ - Куманичево

црква во Куманичево, Кавадаречко From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Куманичевоmap
Remove ads

За црквата во Егејска Македонија, погледајте „Црква „Св. Димитриј“ - Куманичево (Костурско)“.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Свети Димитриј — главна селска црква во тиквешкото село Куманичево, Македонија.[1]

Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во повисокиот дел на селото,[2] веднаш на самиот влез од земјениот пат кој води од селото Бојанчиште.

Историја

Нема точни податоци за времето на изградба, но истражувачот Војислав Радовановиќ запишал во 1920-тите дека црквата била подигната на место на стара црква која била срушена од страна на Турците.[2]

На црквата постои спомен-плоча на која е запишано дека црквата се користела како магазин за време на НОБ од август 1943 до 30 мај 1945 година.

Архитектура

По архитектонскиот облик, црквата е трикорабна со дрвени таваници. Има отворени тремови на јужната и западната страна.[3]

Фрескоживопис

Целата внатрешност на храмот е покриена со живопис. Најзабележителна е композицијата „Второ пришествие Христово“ („Страшниот суд“), насликана на јужниот и западниот ѕид во наосот на црквата.[4]

Икони и иконостас

На иконостасот има натпис: „Сеи свети образи исписа Петре и сен его Глигор из Дебарску державу село Тресонче 1878“.[4]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads