Бојанчиште

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Бојанчиштеmap
Remove ads

Бојанчиште — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Сретселото во Бојанчиште

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, чиј атар лежи на водоразделот помеѓу Црна Река и Бошавица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 25 километри.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1107.

Селото се наоѓа над отсеците од долините на Блаштица и Мариово, сместено во сува долина. Чешмата во селото има вода од извор кај месноста Ливади над селото[3]

Месности во атарот на селото се Лилова Нива, Мустав Мос, Глог, Локва, Чашке, Дабоки Дол, Студенец, Габер, Скрка, Грдовец, Мокреш, Дабова Ливада, Полане, Данвуле, Ќерамидница, Арнаутски Гроб, Ливада, Присој, Пештера Иљадуша, Беревец, Бајковец, Цуцули, Пренапеш, Кранирет, Орај, Марков Рид и Умелини[3]

Селото е од збиен карактер со разредени краеви. Било поделено на Горно Маало (или Старо Село) и Долно Маало (или Зборштани). Во Долното Маало сите куќи биле правени од отоманската банка, кога селото било чифлиг, која ги откупила за да ги смести босанските мухаџири по анексијата на Босна од Австрија.[3]

Remove ads

Историја

Селото било христијанско од чифлички тип. Само мал дел од родовите се староседелци.[3]

Стопанство

Thumb
Куќи во селото

Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 31,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.292,6 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 429,1 хектар, а на обработливото земјиште отпаѓаат 418,3 хектари.[2]

Селото има мешовита земјоделска функција, но таа денес не е толку искористена.[2]

Селаните повеќе живееле од сточарство, отколку од земјоделство.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Бојанчиште имало 390 жители.[4]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бојанчиште имало 400 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Од селото се иселил значителен дел од населението и тоа преминало од средно во мало село. Во 1961 година броело 448 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 60 жители македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Бојанчиште имало 45 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 13 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Како родови во Бојанчиште се споменуваат:[3]

  • Старинци: Ризовци (3 к.), Каракашовци (4 к.), Лајчаровци (3 к.), Марковци (1 к.) и Богевци (4 к.)
  • Доселеници: Парапанци (3 к.) потекнуваат од дедо-Коле кој се доселил кон крајот на XVIII век од селото Полчиште во Мариово; Стојановци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Витолиште во Мариово; Тодоровци (2 к.) доселени се од селото Клиново во Мариово; Пејовци (6 к.) доселени се од селото Долна Бошава; Атанасовци-Ѓошовци (3 к.) доселени се од селото Витолиште во Мариово; Аралинци (2 к.) доселени се на почетокот од XIX век од околината на Лерин; Гацовци (1 к.) доселени се околу 1850 година од селото Конопиште; Оцковци (1 к.) доселени се околу 1860 година од селото Клиново во Мариово; Бошковци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Градиште; Лазовци (1 к.) доселени се од селото Полошко, а таму од селото Галиште; Видевци-Колевци (2 к.) доселени се од селото Конопиште; Ацовци (3 к.) доселени се од селото Градиште, а таму од селото Куманичево; Богевци (1 к.) доселени се од селото Клиново; Пројчевци (1 к.) доселени се од селото Клиново; Угриновци (1 к.) доселени се од селото Куманичево; Бошковци (1 к.) доселени се од селото Конопиште, а таму од селото Мрежичко; Божиновци (1 к.) доселени се од селото Куманичево во 1920 година, уште подалечно потекло од селото Полчиште во Мариово; Кајчевци (1 к.), Џамбазовци (4 к.), Чипковци (3 к.), Гицаловци (1 к.), Шикуревци (1 к.), Кабрановци (2 к.), Палиќовци (1 к.), Чакревци-Дарамановци (6 к.), Чоклевци (1 к.), Гоџомановци (1 к.), Ѓорѓевци (1 к.), Димковци (1 к.), Рашевци (1 к.), Лапчевци (1 к.), Ѓуновци (1 к.), Афковци (1 к.), Самарџијовци (2 к.). и Рускуфци (4 к.) сите се доселени во 1916 година од селото Зборско во Меглен; Мечовци (1 к.), Чечковци-Волчевци (2 к.) и Црпковци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Тушин во Меглен.

Иселеништво

Селото забележува значителен пад на населението.

Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Во XIX век, Бојанчиште било село во нахијата Рожден во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Бојанчиште, во која се наоѓале селата Бојанчиште, Конопиште и Куманичево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Бојанчиште се наоѓале селата Клиново, Мрежичко и Рожден.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0710 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бојанчиште, Клиново и Куманичево, кое е сместено во зграда на општината, поранешно основно училиште во селото Бојанчиште.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[16]
  • Градиште — утврдување од доцноантичкото време;
  • Лозата — населба од доцноантичкото време; и
  • Св. Атанас — населба и некропола од доцноантичкото време.
Цркви[17][18]
Манастири
Спомен-чешми
  • Спомен-чешма за партизаните од селото
Remove ads

Редовни настани

Слави[3]

Личности

Родени во Бојанчиште

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads