Црква „Св. Злата Мегленска“ - Загреб
црква во Загреб, Хрватска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Злата Мегленска — прва македонска црква во Загреб, Хрватска.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во Загреб, во непосредна близина на Загребачката авенија.
Историја
Камен-темелникот за црквата бил поставен на 26 октомври 2014 година како прва македонска црква во Хрватска.[1] Истата била осветена на 21 мај 2023 година од страна на архиепископот г.г. Стефан во сослужение со српскиот патријарх Порфириј.[2] На осветувањето присуствувал и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој го добил и највисокото одликување на Македонската православна црква, Орденот на Свети Климент Охридски, како знак за благодарност и искрено пријателство.[3]
Remove ads
Архитектура
Црквата е дело на архитектите Зоран Бошевски, Борис Флолиќ, Жељко Голубиќ, кои се дел од Студио БФ, а била проектирана во периодот 2008-2009 година.[4]
Бидејќи црквата е сместена до авенија со силен сообраќај, истата нема отворен пристап, туку преку перфориран ѕид се создава предворје, кое служи како заштитен двор.[5]
Изгледот на црквата е во облик на квадратен волумен со цилиндричен свод кој се протега низ целата должина, а се дистанцира странично од ѕидовите и завршува во карпест иконостас.
Галерија
- Поглед на црквата
- Главниот влез
- Знамиња пред црквата
Поврзано
- Јужноевропско архијерејско намесништво
- Загреб
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads