Европска епархија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Европска епархија — епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, која ја покрива територијата на Европа.
Историја

Европската епархија на МПЦ-ОА е формирана на 4 декември 1994 година и за прв надлежен архијереј е поставен митрополитот Горазд. Од 2006 година како надлежен архијереј за оваа епархија е поставен владиката Пимен. Епархијата има вкупно 35 црковни општини, од кои 13 се во Германија. Во рамките на епархијата се изградени три нови цркви, од кои две се осветени (во Тринген, Швајцарија и во Малме, Шведска), како и еден параклис во Берлин. Исто така, во рамки на епархијата се наоѓаат и црквите „Св. Никола“ во Мајнц и „Св. Богородица“ во Зиндфелинген, Германија.[1] На 26 октомври 2014 година, во Загреб, биле удрени темелите на црквата „Св. Злата Мегленска“ како прва македонска црква во Хрватска.[2] Истата е осветена на 21 мај 2023 г. од архиепископот г.г. Стефан во сослужение со српскиот патријарх Порфириј.[3]
Remove ads
Архерејски намесништва
Епархијата е поделена на четири архијерејски намесништва, и тоа:
- Северноевропско архијерејско намесништво
- Средноевропско архијерејско намесништво
- Јужноевропско архијерејско намесништво
- Западноевропско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads