Црква „Св. Илија“ - Битуше
манастирска црква во селото Битуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — манастирска црква во долнореканското село Битуше.[1] Црквата се наоѓа во крајниот североисточен дел од селото, на неколку стотина метри од соседното село Велебрдо.
Remove ads
Контроверзија
При изградбата на црквата, пред олтарот било изѕидано култното место каде што во минатото верниците му палеле свеќи на Свети Илија. Надлежниот митрополит г. Тимотеј одбил истата да ја освети сè додека изѕиданото место не биде срушено, што наишло на незадоволство кај месното население, така што црквата останала неосветена.[2]
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. Секоја страна од куполата содржи монофора, а на повеќе места од ѕидовите на црквата има слепи ниши, вклучувајќи ја и полукружната апсида на источниот ѕид. Над влезната врата има трифорен облик, при што поголемиот среден дел всушност претставува монофора. Црквата во целост е изградена од камен и е покриена со лимен кров.
Во дворот на црквата има споменик на пет загинати борци во Народноослободителната борба.
Remove ads
Галерија
- Предната страна на црквата
- Источниот и северниот ѕид на црквата
- Апсидата на црквата
- Црквата со споменикот на паднатите борци
- Споменик на паднатите борци
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads