Црква „Св. Илија“ - Браилово

манастирска црква на Браиловскиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Браиловоmap
Remove ads

Свети Илија – манастирска црква на Браиловскиот манастир.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Црквата била изградена на почетокот на XX век на местото на истоименото археолошко наоѓалиште. Нејзината изградба е поттикната од мештаните на чело со Јован Павлоски. Осветена е на 12 октомври 1975 година од страна на пелагонискиот епископ Ангелариј по налог на Митрополит Преспанско-битолски г. Климент.[2]

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна.[2] Влезот се наоѓа на западната страна и над влезната врата има црно-бела слика на Свети Илија, а над сликата има ниша со фреска на која е прикажан патрониот светец.

Камбанаријата на црквата се издига во средишниот дел од дворот на манастирот. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по еден отвор. Влезот на камбанаријата е сместен на источната страна.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads