Црква „Св. Илија“ - Велушина
црква во Велушина, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — главна гробишна црква во битолското село Велушина, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во самото село, сместена во јужниот дел на селото, на почетокот на патот за Велушкиот манастир („Св. Ѓорѓи“).
Архитектура
Претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна и калкански покрив. Од југ и запад има отворен трем потпрен на дрвени столбови. Храмот има засводен влез од југ.[2]
Фрескоживопис
Во наосот нема траги од живопис. Во апсидата се зачувани фрески на Богородица со Малиот Христос, како и четворица архијереи во долното подрачје, които по стилските особености се датираат во XVIII век, со тоа и самата црква.[2]
Иконостас
На стариот обичен иконостас има икони од втората половина на XVIII и почетокот на XIX век.[2]
Remove ads
Галерија
- Гробишта во црковниот двор
- Припратата на јужната страна
- Влезот
- Ниша над влезот
- Припратата на западната страна
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads