Црква „Св. Илија“ - Градовци

црква во селото Градовци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Градовци
Remove ads

Свети Илијамакедонски православен храм во селото Градовци во околината на градот Скопје.[1] Сместен е во густа дабова шума на крајот на горното маало на селото, веднаш од десната страна на земјениот пат кој води кон селата Гумалево и Тисовица. Црквата се наоѓа југозападно од селото и во нејзината околина има старински гробишта со камени крстови[2], кои до денес се добро зачувани. Оваа црква во 1923 на местото на остатоците од дотогашното црквиште (имало „ѕидини“) ја изградил еден селанец (Блаже Станковски) кој немал машки деца[2]. На денот на црквата, Илинден, се колела жртва (крава) крај црквата[2]. Околу црквата има свети и чудотворни („табуисани“) дабови[2], кои се оградени со железна ограда и крај кои населението пали свеќи и остава пари и разни дарови. Според натписот на влезот на црквата таа била возобновена во 1993 година, кога го добила и денешниот изглед со покриена трпезарија со маси и фрески и икони дарувани за здравје од семејства со потекло од селото Градовци.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads