Црква „Св. Илија“ - Грнчари

манастирска црква во Грначари, Ресенско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Илија“ - Грнчариmap
Remove ads

Св. Илијасредновековна црква и манастир во ресенското село Грнчари. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата „Св. Илија“ е сместена на 3 км југоисточно од селото и има улога на главен храм на Грнчарскиот манастир. Се претпоставува дека првично го носела името „Св. Никола“. Претставува мала еднокорабна градба, изградена од камен и тули и засводена со полукружен свод. На исток завршува со тристрана апсида однадвор.[2][3] Покривната конструкција е калканска, а единствениот влез е од запад. Меѓу камените партии има хоризонтални и вертикални редови од тули.[2]

Со времето направени се редица архитектонски промени врз градбата.[2] Од северната и јужната страна се поставени потпорки (контрафосрси).[4]

Во внатрешноста на црквата има живопис од два периода. Постариот е изработен во времето на изградба на храмот, што се смета дека е во првата половина на XIII век. Од него е зачуван фрагмент од композицијата „Успение Богородичино“ и од композицијата „Преображение Христово“. Втората фаза на зографисување е изработена при обновувањето на црквата. На натпис во композицијата „Дејсис“ се спомнуваат попот Димитар и син му Рајко како обновувачи на црквата „Св. Никола“. Зад иконостасот на јужниот ѕид е претставен св. Ахил, чиј култ е својствен за Преспа.[3][5][6]

Remove ads

Манастир

Освен црквата, манастирскиот комплекс вклучува нови конаци, манастирска трпезарија, фурна, камбанарија и чешма со лековита вода.[2]

Слики

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads