Црква „Св. Илија“ - Злетово
црква во селото Злетово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија — гробишна селска црква во селото Злетово, во Општина Пробиштип.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во самото село, издигнато на рид над Злетово. Околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Изградена е во последните години од турското владеение на Македонија, најверојатно во 1911 година. Изградбата на оваа црква е резултат на поделеноста на злетовчани на „егзархисти“ и „патријашисти“ и на нивните меѓусебни недоразбирања, кавги па и физички пресметки околу тоа прв да служи во единствената црква во Злетово. На локалните турски власти, преку глава им дошле постојаните братски, честопати, и крвави недоразбирања и расправи, жалбите до повисоките инстанци и затоа допуштиле градба на оваа црква. Таа им припаднала на патријашистите, а главната „Св. Богородица“ на егзархистите.
Remove ads
Архитектура
Денешниот објект претставува еднокорабна црква, која се наоѓа на јужниот дел од гробиштата во Злетово.
Празнување
Инаку, на 2 август, односно на Илинден се слави празникот, на кој се коле курбан и се готви јадење за гостите.[2]
Галерија
- Селските гробишта
- Апсидата
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Помошниот објект
- Припратата
- Споредниот влез
- Ниша над споредниот влез
- Поглед на црквата
Поврзано
- Злетово;
- Злетовска парохија;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква; и
- Црква „Св. Богородица Балаклија“ — метох на Лесновскиот манастир.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads